Драгица Чекоровска е родена 3 јануари 1971 година во Кавадарци каде завршува основно образование, а средно образование завршува во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Скопје, 1989 година, културолошка насока. Факутетот за етнологија го завршува 1996 година во Скопје на УКИМ на Природно математички факултет. Редовно се вработува во ОуМузеј на град Неготино на 01 октомври 1996 година како кустос-етнолог и раководител на етнолошкото одделение. По изминати десет години работен стаж како кустос-етнолог во 2007 г. се добива со звање Виш-кустос со Решение за избор на стручно звање од Рецензиона комисија при Министерство за култура на РМ. Во 2012 г. е извршен реизбор со Решение за преизбор во стручно звање Виш кустос во ОУ Музеј на град Неготино, а во 2019 г.
добива Решение за избор на стручно звање кустос-советник по предлог на рецензионата комисија до министерот за култура. Од март 2018 година до декември 2023 година ја извршува функцијата директор на Општинската установа Музеј на град Неготино а во 2021 година влегуваат во ЕРАЗМУС+ К2 проект, како партнери со институции од областа на образованието и културата од Србија и Хрватска. Член е на Здружението “Роднокрајци“, љубители на уметноста од Кавадарци.
Со сликарството почнува да се занимава од 2017 година. Слика на платно со акрилни бои, теми кои се блиски до етнологијата, односно темите од етнологијата ги предочува на платно во абстрактна форма. Освен овие теми, како инспрација и е природата, особено цвеќињата претставени во современа абстрактна форма. Учесник е на повеќе ликовни колонии и групни изложби наистите:
– 2018 Ликовна колонија “Михајлово“, Кавадарци
– 2019 Ликовна колонија “Михајлово“, Кавадарци
– 2019 Ликовна колонија “Неготино-2019“, Неготино
– 2020 Ликовен Арт-хепенеинг, ЈУ Дом на култура “Иван Мазов-Климе“, Кавадарци
– 2020 Ликовна колонија, “Неготино-2020“, Неготино
– 2020 Ликовна колонија при НУ Центар за култура “Ацо Ѓорчев“, Неготино
– 2021 Учество во меѓународна ликовна колонија на НУ “Антон Панов“, Струмица
– 2021 Групна изложба во НУ “Антон Панов“ – Струмица
– 2021 Групна изложба во НУЦК “Трајко Прокопиев“ – Куманово
– 2021 Меѓународна ликовна колонија во НУ “Уметничка Галерија-Тетово“
– 2022 Меѓународна ликовна колонија во НУ “УметничкаГалерија-Тетово“
– 2022 Ликовна колонија при НУЦК “Ацо Ѓорчев“-Неготино
– 2023 Групна изложба на жени аматери-уметници во ЛУ Музеј-Галерија, Кавадарци
– 2023 Групна изложба на љубители на уметници “Роднокрајци“, ЛУ Музеј-Галерија, Кавадарци
– 2024 Групна изложба на љубители на уметници “Роднокрајци“, ЛУ Музеј-Галерија, Кавадарци
– 2025 Групна изложба на жени по повод 8-ми Март, ОуМузеј на град Неготино
Актуелно
Posted in