2025 година ја одбележа интензивна и плодна театарска сезона за НТ „Антон Панов“ – Струмица. Преку Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес од областа на драмската дејност на Министерството за култура и туризам, на Театарот му беа одобрени следните проекти: – „Синот“ од Флоријан Зелер, режија: Благој Мицевски – „Мизантроп“ од Молиер, […]
Категорија: Театар
🎭 „Бегалка“ – Васил Иљоски
Режија: Дамјан Димовски Претпремиера: 26.12.2025 (петок), 20.00 ч. Премиера: 27.12.2025 (сабота), 20.00 ч. Билетите се целосно распродадени! Сценографија и костими: Благој Мицевски Музика: Александар Димовски Дизајн на плакат и рекламен материјал: Ване Костуранов Фотографии: Столе Ангелов Улоги: Стојан Велков – Трн Анкица Бенинова Танкица Стојанова Јасмина Вучкова Михаил Велков Васка Ангелова Игор Тодоров Забраната е […]
🎭 Актерот од ансамблот на Струмичкиот театар, Кољо Черкезов, е добитник на Годишната награда од областа на културата, што Општина Струмица ја доделува по повод празникот на градот – „✨ Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици ✨“.
Наградата му беше врачена на свечената седница од градоначалникот Петар Јанков.
🎭 ПОЧЕТOК НА ПРОБИТЕ ЗА „БЕГАЛКА”
Народниот театар „Антон Панов“ – Струмица започна со пробите за новата постановка на „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Ова дело е длабоко врежано во нашата театарска историја: 📌 1 мај 1949 година – театарот е отворен со премиерата на „Бегалка“ во режија на Димитар Колчаков. 📌 18 јануари 1970 година – […]
НАГРАДА ЗА ЈАСМИНА ВУЧКОВА НА ,,ДЕНОВИ НА КОМЕДИЈА” ВО КУМАНОВО
Жирито на 28. Меѓународен театарски фестивал ,,Денови на комедија”, кој секоја година се одржува во Куманово, на актерката на струмичкиот театар, Јасмина Вучкова, ја награди со наградата за најдобра женска споредна улога за толкувањето на ликот на Наталија во комедијата ,,Петок 13-ти” од Жан-Пјер Мартинез, во режија на Никола Ристов. Честитки до Јасмина за добиената […]
Програма за октомври
ПОЧЕТОК НА ПРОБИТЕ НА „МИЗАНТРОП“ OД МОЛИЕР
На 5 септември (петок) започнаа пробите на новата претстава на струмичкиот театар, комедијата „ Мизантроп”од Молиер, во режија на гостинот од Бугарија, Дамјан Тенев, кој е истовремено автор на сценската адаптација и музиката. Препевот на сценската адаптација на македонски јазик е на Никола Маџиров. Сценографијата и костимите ќе бидат на Радостина Тенева, а плакатот на […]
ТЕАТАРСКАТА СЕЗОНА СЕПТЕМВРИ 2024 Г. – ЈУНИ 2025 Г.
Со учеството на фестивалот „Мала сезона“ во Софија, Бугарија, на 30 јуни 2025 година, со монодрамата „Кротка“, работена според истоимената новела на Ф. М. Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн, заврши театарската сезона: септември 2024 г. – јуни 2025 г. Со претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија […]
ОД ГОСТУВАЊЕТО НА МОНОДРАМАТА „КРОТКА“ ВО СОФИЈА,ОСВРТ НА БЛАГОВЕСТ АСЕНОВ
Последниот ден од јуни на фестивалот “Мала сезoна” на сцената на театарот „Сфумато” во Софија ја видовме монодрамата „Кротка” од Македонија на режисерот Дејан Ангелов. Кратката повест на Ф.М. Достоевски беше претставена на сцена од страна на актерот Стојан Велков, којшто, и покрај монолошката форма на текстот, успеа да го згусне случувањето и мајсторски да […]
ЈУБИЛЕЈ: 30 ГОДИНИ АКТЕРСКА ДЕЈНОСТ НА КОЉО ЧЕРКЕЗОВ
Со премиерната изведба на претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, во режија на Благој Мицевски, актерот на струмичкиот театар, Кољо Черкезов, одбележува 30 години актерска дејност. Во претставата Черкезов ја толкува улогата на таткото Пјер. Првата улога на професионалната театарска сцена во Струмица му е во 1987 година, тоа е улогата на Привидение во […]
