Жирито на 28. Меѓународен театарски фестивал ,,Денови на комедија”, кој секоја година се одржува во Куманово, на актерката на струмичкиот театар, Јасмина Вучкова, ја награди со наградата за најдобра женска споредна улога за толкувањето на ликот на Наталија во комедијата ,,Петок 13-ти” од Жан-Пјер Мартинез, во режија на Никола Ристов. Честитки до Јасмина за добиената […]
Автор: SG
Програма за октомври
ПОЧЕТОК НА ПРОБИТЕ НА „МИЗАНТРОП“ OД МОЛИЕР
На 5 септември (петок) започнаа пробите на новата претстава на струмичкиот театар, комедијата „ Мизантроп”од Молиер, во режија на гостинот од Бугарија, Дамјан Тенев, кој е истовремено автор на сценската адаптација и музиката. Препевот на сценската адаптација на македонски јазик е на Никола Маџиров. Сценографијата и костимите ќе бидат на Радостина Тенева, а плакатот на […]
РЕЦИТАЛ НА СОЛО ПЕСНИ
Отварање на изложба од новосоздадени дела
ПРВА НАГРАДА ЗА ВОКАЛНО-ИНСТРУМЕНТАЛНИОТ АНСАМБЛ „РАСПЕАНИ СТРУМИЧАНИ“ НА 55. „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО БИТОЛА
На штотуку завршените 55. „Илинденски денови“ во Битола, Вокално-инструменталниот ансамбл „Распеани струмичани“ доби: Прва награда за најдобра група за интерпретација на староградски песни и игра. Нека им е честита наградата на сите членови на ансамблот! Нека и понатаму, во иднина, бидат достојни претставници на Струмица преку негувањето на староградската песна и игра.
Самостојна изложба на Томе Даневски
ЛИКОВНОТО БОГАТСТВО ОД СТРУМИЦА ПРЕНЕСЕНО ВО ГЕВГЕЛИЈА СО ИЗЛОЖБАТА НА ДЕЛА ОД 61. МЕЃУНАРОДНА КОЛОНИЈА
Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, на 29 јули 2025 година, во Уметничката галерија „Амам“ свечено беше отворена Изложбата на дела создадени на 61. Меѓународна ликовна колонија 2024 година, која традиционално ја организира Националната установа Центар за култура „Антон Панов“- Струмица. Изложбата беше пренесена во Гевгелија како дел од програмата на манифестацијата […]
ТЕАТАРСКАТА СЕЗОНА СЕПТЕМВРИ 2024 Г. – ЈУНИ 2025 Г.
Со учеството на фестивалот „Мала сезона“ во Софија, Бугарија, на 30 јуни 2025 година, со монодрамата „Кротка“, работена според истоимената новела на Ф. М. Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн, заврши театарската сезона: септември 2024 г. – јуни 2025 г. Со претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија […]
ОД ГОСТУВАЊЕТО НА МОНОДРАМАТА „КРОТКА“ ВО СОФИЈА,ОСВРТ НА БЛАГОВЕСТ АСЕНОВ
Последниот ден од јуни на фестивалот “Мала сезoна” на сцената на театарот „Сфумато” во Софија ја видовме монодрамата „Кротка” од Македонија на режисерот Дејан Ангелов. Кратката повест на Ф.М. Достоевски беше претставена на сцена од страна на актерот Стојан Велков, којшто, и покрај монолошката форма на текстот, успеа да го згусне случувањето и мајсторски да […]
