
Родена е во 1953 година во Струмица. Во театарот се вработила во 1969 година. На сцената на струмичкиот театар одиграла над сто претстави. Играла во претстави од сите жанрови, од домашни и странски автори, од класични и современи автори. Тинка Ристеска кај публиката ќе остане запомнета – освен со својата актерска уметност – како едно од убавите лица на струмичкиот театар кои зрачат со посебна енергија од сцената. Во 2005 година заминала во пензија, но продолжила да биде активна во театарот преку нејзиното ангажирање во повеќе претстави. Во 2019 година одбележала 50 години театарска кариера со улогата на Аманда во претставата „Стаклена менажерија“. По повод 70- годишниот јубилеј на струмичкиот театар во 2019 година добила специјално признание. Со изведба на претставата „Вујко Вања“ од Чехов, во која Тинка Ристеска игра една од улогите, во ноември 2024 година беше одбележан нејзиниот 55-годишен актерски јубилеј. Настапила во неколку ТВ проекти, телевизиски серии и долгометражни филмови.