loader image

Ментинов Томе

Роден е во 1950 година во Струмица. Во театарот се вработил во 1973 година, а пред тоа статирал во повеќе претстави. Играл во над шеесетина театарски претстави. Станал препознатливо актерско лице кај публиката преку толкувањето на споредни, комични ликови. Играл во претстави кои му припаѓаат на постариот, потрадиционален театарски израз но исто така и во претстави на автори од помладите генерации, во дебитантски пиеси на најновата генерација македонски драмски писатели, како и во претстави за деца. Се пензионирал во 2014 година. Три години по неговото пензионирање бил ангажиран да игра во претставата „Царот Владислав“ во 2017 година. Настапил во неколку телевизиските серии и филмови. Добитник на Годишната награда за животно дело на Општина Струмица за 2024 година.

СЛЕДЕТЕ НÈ
Влез
Враќање на лозинка

Ја заборавивте лозинката?Внесете го Kорисничко име или email.Ќе примите врска за да креирате нова лозинка преку email.

ГОРЕ
КОШНИЧКА 0