
Роден е во 1959 година во Струмица. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин. Во струмичкиот театар се вработил во 1985 година иако првите професионални настапи на сцената ги имал порано, уште во 1980 година. Играл во над шеесетина театарски претстави. Играл во повеќе телевизиски серии и долгометражни филмови. Добитник на општинска награда од Општина Струмица за придонес во културата. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“ во периодот од 1990 до 1996 година и од 2003 до 2007 година. Во два мандата бил и в.д. директор на струмичкиот театар. Има важна улога во развојот на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, најпрвин како член на Иницијативниот одбор на манифестацијата „Денови на Ристо Шишков“, а потоа како директор на манифестацијата, која потоа ќе се преобрази во Фестивал на камерен театар. Заминал во пензија во 2023 година.