loader image

Бенинов Бранко

Роден е во 1958 година во Струмица. Неговата поврзаност со театарот потекнува од средношколските денови во Земјоделското училиште во Струмица, кога бил член на Драмската секција. Во театарот се вработил во 1983 година. На матичната сцена одиграл нас сто и четириесет улоги. Иако учествувал во тетарски претстави во кои толкувал различни профили на ликови, сепак кај публиката останал најмногу запаметен по своите комични ролји во кои дошле до израз неговото вродено чувство за хумор и способноста за креативна импровизација која го надградува текстот и му дава квалитет повеќе. Играл и во повеќе телевизиски серии и долгометражни филмови. Ја добил Наградата за најдобра епизодна улога за толкувањето на ликот Дончо во претставата „Пиликатник“ од Антон Панов на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1997 година. Бил награден и за улогата на Мартин во претставата „Петтиот чин“ на Љубомир Ѓурковиќ – и на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица и на Европскиот патувачки театар во Сливница (Бугарија). Заминал во пензија во 2022 година.

СЛЕДЕТЕ НÈ
Влез
Враќање на лозинка

Ја заборавивте лозинката?Внесете го Kорисничко име или email.Ќе примите врска за да креирате нова лозинка преку email.

ГОРЕ
КОШНИЧКА 0