
Роден е во 1939 година. Во струмичкиот театар се вработил во 1982 година. Член на ансамблот бил до 2001 година, кога се пензионирал. Освен што бил член на струмичкиот театар, по една сезона поминал и во народните театри во Штип (1959/60), Куманово (1962/63) и Велес (1966/67). На струмичката сцена одиграл над педесет улоги. Освен со актерството повремено се занимавал и со пишување драмски текстови за деца и возрасни, режирање на претстави за деца, а изработил и две сценографии. По неговото пензионирање како актер на сцената на струмичкиот театар повторно бил ангажиран во претставата „Царот Владислав“ во 2017 година.