
Роден е во 1955 година. Во струмичкиот театар дебитирал во 1980 година, кога и се вработил во него. Поврзаноста со театарот му датира уште од почетокот на 70-тите години, во средношколските денови, преку режирање на претстави. На професионалната сцена на струмичкиот театар одиграл над сто улоги, а потписник е и на неколку режии. Два мандата бил в.д. директор на струмичкиот театар. Има голем придонес во развојот на театарскиот аматеризам во Струмица и Струмичко па и пошироко преку режирањето над педесетина претстави со средните училишта во Струмица но и со институции од културата во Југоистокот. За таа своја дејност бил неколку пати наградуван како режисер, сценограф или костимограф на амтерските театарски фестивали во земјава и во регионот. Играл во некоку долгометражни филмови и ТВ серии. Двапати бил добитник на награди од Општина Струмица за неговиот придонес во културата. Се пензионирал во 2021 година. И сега, како пензионер, учествува во некои театарски проекти на струмичкиот театар како, на пример, во претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.