Жирито на 28. Меѓународен театарски фестивал ,,Денови на комедија”, кој секоја година се одржува во Куманово, на актерката на струмичкиот театар, Јасмина Вучкова, ја награди со наградата за најдобра женска споредна улога за толкувањето на ликот на Наталија во комедијата ,,Петок 13-ти” од Жан-Пјер Мартинез, во режија на Никола Ристов.
Честитки до Јасмина за добиената награда!
Уште многу нови улоги, креативни предизвици во времето што доаѓа!
Актуелно
НАГРАДА ЗА ЈАСМИНА ВУЧКОВА НА ,,ДЕНОВИ НА КОМЕДИЈА” ВО КУМАНОВО
