loader image
Актуелно

ПРВА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА на Живка Величковска

Живка Величковска е родена 1954 година во Куманово.
Дипломиран економист на Економски факултет при Универзитетот ”Свети Кирил и Методиј” ,Скопје.
Од 2019 година како пензионер се занимава со рачна изработка на украсни предмети од гипс, глина, хартија, со рециклирање и декупаж техники. Воедно и слика и користи различни техники, мотиви и бои. Претежно акрил и темпера на различни пологи.
До сега има учествувано на две групни изложби на ”Самоуки” кои традиционално се одржуваат во НУЦК Трајко Прокопиев во Куманово.
Ова е нејзина прва самостојна изложба со нејзината омилена тема – цвеќе. Со оваа изложба сака да ги инспирира и поттикне сите креативни луѓе, без разлика на возраста и образованието да ја искажат и покажат својата креативност во областа на уметноста и рачната работа.

СЛЕДЕТЕ НÈ
Влез
Враќање на лозинка

Ја заборавивте лозинката?Внесете го Kорисничко име или email.Ќе примите врска за да креирате нова лозинка преку email.

ГОРЕ
КОШНИЧКА 0