На ден 16.2.2026 година во Центарот за култура „Антон Панов”- Струмица се состанаа членовите на жири-комисијата за одлучување по поднесени дела на учесници на 27. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам.
По разгледувањето на поднесените дела од учесниците на Фестивалот, жири-комисијата одлучи добитници на награди за карикатура да бидат:
1.
Златна плакета – Роман Сика од Словачка
2. Сребрена плакета – Миро Георгиевски од РС Македонија
3. Бронзена плакета – Блаже Докуле од РС Македонија
Дополнително добитник на награда од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал е Надица Митева од Радовиш, РС Македонија.
По разгледување на поднесените дела од учесниците на Фестивалот, жири-комисијата одлучи добитници на награди за афоризам да бидат:
1. Златна плакета – шифра „Струмица” – Александар Чотриќ, Србија
2. Сребрена плакета – шифра „Забрането Овошје” – Атанас Крлевски, РС Македонија
3. Бронзена плакета – шифра „Триаголник” – Лилјана Крстиќ, Србија
Дополнително добитник на награда од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал:
Шифра „Природна појава” Миле Ѓоргијоски, РС Македонија
Добитници на дипломи:
– Шифра „Кревет” – Екрем Мациќ, Босна и Херцеговина
– Шифра „Еделвајс”- Елисавета Бончева, РС Македонија
– Шифра „Афродита”- Марија Ранѓеловиќ, Србија
Членови на жири-комисија:
Братислав Костадинов, претседател
Стојанче Величковски, член
Александар Филев, член
Ацо Ѓоргиев, член
Љубомир Арнаудов, член
