loader image
Актуелно

🎭 Театарска 2025. – година на создавање, патувања и признанија

2025 година ја одбележа интензивна и плодна театарска сезона за НТ „Антон Панов“ – Струмица. Преку Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес од областа на драмската дејност на Министерството за култура и туризам, на Театарот му беа одобрени следните проекти:
– „Синот“ од Флоријан Зелер, режија: Благој Мицевски
– „Мизантроп“ од Молиер, режија: Дамјан Тенев
– „Бегалка“ од Васил Иљоски, режија: Дамјан Димовски
Покрај проектите поддржани од Министерството, со сопствени финансиски средства, Театарот реализираше и две значајни продукции:
– „Деца на светот“ од Стефан Цанев, режија: Васил Михаил
– „Пепелашка“, режија: Кољо Черкезов
Фестивали и гостувања
Во текот на 2025 година, Театарот активно учествуваше на бројни фестивали и културни манифестации во земјата и странство, потврдувајќи ја својата динамична и отворена уметничка мисија.
Претставата „Пепелашка“ гостуваше на фестивалите за деца:
– „Малиот принц“ – Штип
– „Силјан Штркот“ – Прилеп
– „Штипско лето 2025“
На фестивалот „Via Pontica“ во Балчик, Република Бугарија, беше изведена претставата „Деца на светот“.
Монодрамата „Кротка“ учествуваше на:
– фестивалот „Мала сезона“ – Софија, Република Бугарија
– Културно лето – Босилово
Претставата „Синот“ беше дел од програмата на ФКТ „Ристо Шишков“.
„Петок 13“ учествуваше на:
– МТФ „Денови на комедија“ – Куманово
– фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“ – Крива Паланка
– „Караманова летна сцена“ – Радовиш
– „Гевгелија – град на културата 2025“
– Месецот на театарот – Кавадарци
Признанија и награди:
Јасмина Вучкова ја доби наградата за споредна улога на МТФ „Денови на комедија“ во Куманово, за улогата на Наталија во претставата „Петок 13“, во режија на Никола Ристов.
Кољо Черкезов ја доби Годишната награда за посебен придонес во културата, доделена од Општина Струмица, по повод празникот на градот – „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.
Почитувана публико,
ви благодариме за интересот, довербата и континуираната поддршка во текот на целата година.
Ви посакуваме среќни празници и со радост ве очекуваме во 2026 година
со нови приказни, нови средби и нови театарски возбудувања.
СЛЕДЕТЕ НÈ
Влез
Враќање на лозинка

Ја заборавивте лозинката?Внесете го Kорисничко име или email.Ќе примите врска за да креирате нова лозинка преку email.

ГОРЕ
КОШНИЧКА 0