Режија: Дамјан Димовски
Стојан Велков – Трн
Анкица Бенинова
Танкица Стојанова
Јасмина Вучкова
Михаил Велков
Васка Ангелова
Игор Тодоров
Забраната е постојана во човековото живеење. Онаа — ненапишаната. Од табуто — системот на забрани во архаичните заедници — па сè до современото живеење. Забранетата љубов помеѓу сиромашно момче и богата девојка е стара приказна. Пиесата „Бегалка“ од Васил Иљоски, едно од најзначајните дела на македонската битова драматургија, е токму приказна за забраната заснована на социјалните разлики и општествените предрасуди. Овојпат, на сцената на струмичкиот театар, со нов прочит и нова визуелизација, со нова „структура на чувствителноста“ (би рекол Рејмонд Вилијамс), а во режија на Дамјан Димовски.
Претстава што го преиспитува односот помеѓу традицијата и современоста, помеѓу љубовта и моќта, помеѓу поединецот и неговото право на слобода.
„Бегалка“ — приказна за љубовта што бега од забраните, но никогаш од последиците.
