loader image
Актуелно

Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“

Годинава јубилејно, 15-то издание на фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица 2025“, кој го организираше Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица.

Синоќа на големата сцена во струмичкиот храм на културата, ансамбли и музички состави од неколку градови во Македонија во живо пееја и свиреа познати македонски староградски песни и серенади, а за прв пат на сцената настапија и играорците од возобновеното културно-уметичко друштво „Боро Џони“ од Струмица.

На годинашниот фестивал, кој е од ревијален карактер, а се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Струмица, се претставија осум музички состави кои ја негуваат македонската староградска песна. Домаќините „Распеани Струмичани“, „Распеани Гевгеличани“, музичкиот состав „Орнаменти“ од Штип, новоформираниот Октет „Струмица“, „Распеани Валандовчани“, „Распеани Радовишани“, Октетот „Прилеп“ и „Шчипјани“ од Штип.

Фестивалот кој симболично е насловен „Под кулите на Струмица“, по една од најпознатите струмички песни, ја продолжува традицијата како што продолжува и желбата за староградската песна и серенада, кои во минатото се задоволувале преку постоење на мали пејачки групи, хорови, ансамбли и културно-уметнички друштва.

СЛЕДЕТЕ НÈ
Влез
Враќање на лозинка

Ја заборавивте лозинката?Внесете го Kорисничко име или email.Ќе примите врска за да креирате нова лозинка преку email.

ГОРЕ
КОШНИЧКА 0