Формиран кон крајот на 50-тите години на минатиот век, Вокално-инструменталниот ансамбл „Распеани струмичани“, еве веќе над 80 години ја негува традицијата на староградската песна. Низ годините и децениите поминале многу членови, многу генерации, Се реализирале многу гостувања во земјата и во странство, се настапило на многу манифестации, се снимиле и неколку видеозаписи за Македонската радиотелевизија.
Во 2023 година и во 2025 година ансамблот, на Републичкиот фестивал „Илинденски денови“ во Битола, ја добил првата награда за најдобро претставување на староградската песна.
Повелете в петок на нивниот традиционален Годишен концерт – да се потсетиме на староградската песна и музика, кои се дел од живата традиција на Струмица.
Влезот е слободен.
